logo
logo
logo

Полувреме: Без голови во Бостон, Боно му одбрани пенал на Мбапе! (ВИДЕО)

Vecer | 09.07.2026

Полувреме: Без голови во Бостон, Боно му одбрани пенал на Мбапе! (ВИДЕО)

ФОТО:.facebook.com/fifaworldcup/

Нема голови во Бостон по првото полувреме од првиот меч во 1/4 финалето. Франција – Мароко 0:0 е резултатот а за тоа е “виновен“ голманот на Мароканците, Боно кој бранеше фантастично. Успеа да му одбрани и удар од белата точка на Килијан Мбапе во 28.минута откако Мазрауи го фаулираше капитенот на Франција.

Триколортите“ може да жалат со оглед на тоа дека имаа барем 3-4 големи шанси, но на пауза мораа да заминат со тие 0:0.

Франција напаѓаше, ја имаше играта, а Мароко строго во одбрана, ретки беа излетите на Хакими и другарите да одат во напад.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk