Почина иконата на Милан и на италијанскиот фудбал, Франко Барези

Vecer | 31.07.2026

Почина иконата на Милан и на италијанскиот фудбал, Франко Барези
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Италијанскиот и светскиот фудбал загубиja една од своите најголеми икони. Утрово во 66. година од животот почина Франко Барези, според многумина, еден од најдобрите дефанзивци во историјата на оваа игра. Веста за смртта на легендата ја објави познатиот спортски новинар Фабрицио Романо.

Барези ја посвети целата своја професионална кариера на Милан, каде што како долгогодишен капитен стана симбол на клубот и лидер на еден од најдоминантните тимови во историјата на фудбалот. Со италијанската репрезентација и „росонерите“, тој го одбележа златното доба на италијанскиот фудбал и остана пример за генерации дефанзивци ширум светот. Славниот капитен на „росонерите“ беше опериран во август 2025 година, кога за време на рутински преглед беше откриена грутка на неговите бели дробови и отстранета со минимално инвазивна техника. Операцијата беше успешна, па во декември истата година, Барези се појави на стадионот Сан Сиро за да го гледа натпреварот со Милан, каде публиката го пречека со големи овации.

Неговиот последен јавен настап беше за време на церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри Милано-Кортина, каде што настапи како носител на олимпискиот факел заедно со својот пријател Џузепе Бергоми.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk