Не било баш секогаш идеално во Манчестер Сити. Неверојатни детали од соблекувалната на “граѓаните“ повторно го привлекоа вниманието на јавноста, а во центарот на приказната беа Пеп Гвардиола и Кајл Вокер по поразот од Ливерпул на „Енфилд“ во декември 2024 година. Според информациите што беа објавени, по натпреварот дошло до жесток конфликт помеѓу тогашниот тренер на Сити и искусниот англиски дефанзивец.
Вокер бил особено лут откако бил издвоен како еден од виновниците за грешките што придонеле за поразот, а фрустрацијата ескалирала во соблекувалната во еден момент. Англискиот репрезентативец потоа директно го нападна Гвардиола и го обвини дека го издвоил пред остатокот од тимот.
„Ти не ни сакаше да бидам капитен. На секој е*ан состанок, секогаш сум јас “, му рекол Вокер на Гвардиола.
Неговите зборови покажаа колку била напната ситуацијата во тој момент, и очигледно е дека проблемот меѓу двајцата не бил само околу еден натпревар или една грешка.
Вокер имал чувство дека често бил цел на критики и дека Гвардиола се однесувал кон него поинаку од остатокот од тимот.
🚨🎥 La vidéo de la dispute entre Pep Guardiola et Kyle Walker.
On y voit un Pep au bord des larmes, complètement submergé par l’émotion. ⤵️
[via @DanisMCFC] pic.twitter.com/ZNmONfv85L https://t.co/c7aRjkUSOy
— Blue Moon (@FRBlueMoon) August 19, 2026
Сепак, она што следеше беше уште поемотивно, бидејќи Гвардиола одговори пред целиот тим и отворено зборуваше за својот однос со играчите.
„Ако јас сум проблемот, мора да ми кажете. Не сакам да се чувствувам како да морам да си заминам, но тоа никогаш нема да ја промени љубовта што ја имам кон тебе“, рече Гвардиола.
Особено впечатлив детаљ е тоа што Гвардиола беше во солзи за време на овој емотивен разговор, што покажува колку целата ситуација влијаеше врз шпанскиот стручњак.
Конфликтот зад затворени врати покажа дека атмосферата во соблекувалната на Сити не беше идеална, иако тимот со години беше еден од најуспешните во европскиот фудбал.
Вокер подоцна го напушти Манчестер Сити, а според оваа приказна, токму судирот со Гвардиола го означи почетокот на крајот на неговиот престој на „Етихад“.