logo
logo
logo

Пелегрини е верен на Рома

Vecer | 08.08.2026

Пелегрини е верен на Рома

Капитенот на Рома, Лоренцо Пелегрини и натами ќе биде дел од тимот од „Олимпико“. Искусниот играч потпиша нова соработка до 2027 година, откако сега веќе претходниот негов дил беше со важност до летово.

Пелегрини е дете на клубот, и очигледно дека нема намера да игра на некое друго место. Со веќе полни 30. години тој има само две сезони надвор од клубот, кога премина во Сасуоло. Се врати во Рим, и оттогаш е заштитен знак на „Волчицата“.

Според италијанските медиуми, неговата годишна плата ќе изнесува 2.5 милиона евра.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk