Сега Ла Лига и Судиската комисија одат чекор понатаму. Покрај интервјуата пред натпреварите, ќе имаме можност да ги слушнеме судиите и по завршувањето на средбите. Ова ќе биде првпат во историјата на шпанскиот фудбал да се примени ваква практика, а ќе започне уште претстојниот викенд, кога ќе бидат интервјуирани најмалку двајца судии.
„ДАЗН“ открива дека еден од натпреварите на кои ќе можеме да ги слушнеме коментарите на судијата е баскиското дерби. По дуелот меѓу Атлетик Билбао и Реал Сосиедад, кој ќе се игра во недела од 21 часот на „Сан Мамес“, пред камерите ќе застане главниот судија.
„АС“ додава дека Ла Лига се одлучила на овој револуционерен чекор со цел да го заштити и промовира позитивниот имиџ на фудбалските судии.