И натаму сеуште не е дефинитивно јасно дали селекцијата на Иран ќе настапи на Мундијалот. Јасно е дека Иранците уште калкулираат и се во право откако врз нивната земја САД и Израел вршат агресија.
Иранскиот министер за спорт, Ахмад Донјамали, даде нови информации за ставот на Иран во врска со Светското првенство, кое оваа година се игра во САД, Канада и Мексико. Ова доаѓа откако претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, пред неколку дена јасно стави до знаење дека Иранците ќе присуствуваат на Светското првенство.
„Иранската репрезентација дефинитивно доаѓа“, рече кратко и јасно Инфантино. Иранската фудбалска федерација побара нивните натпревари да бидат преместени во Мексико, но ФИФА го отфрли ова барање.
Сега, Иранците одговорија на зборовите на Инфантино, а тоа го кажа иранскиот министер за спорт, Ахмад Донјамали.
„Разговаравме за репрезентацијата, а формиравме и комитет. Ќе имаме состанок во рамките на оваа дискусија и ја исполнуваме нашата законска обврска.
Мора да бидеме подготвени. Во секој случај, може да се одлучи да не се оди. И, ако се донесе одлука да се оди, тогаш мора да бидеме подготвени за тоа. Нагласувам дека во овој период, донесувањето одлуки се базира на условите што постојат денес, со владата и веројатно со Советот за национална безбедност“, рече Донјамали.