Она кога кралот и кралицата на Холандија имаат две репрезентации?!(ВИДЕО)

Vecer | 21.06.2026

Она кога кралот и кралицата на Холандија имаат две репрезентации?!(ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:.facebook.com/Federashonfutbolkorsou/

Ете и тоа го има на Мундијалот. Добра причина да се прекршат правилата. Холандскиот крал Вилем-Александар и кралицата Максима отидоа во соблекувалната на Курасао по историскиот бод против Еквадор. Иако надвор од протоколот, кралската брачна двојка отиде во соблекувалната за да им честита на играчите на прекуокеанската територија на Холандија и на селекторот Дик Адвокат. Со нив беше и најмладата ќерка – принцезата Аријана.
Ова не е прв пат холандската колонија да игра на Светското првенство. Холандските Индија, која по независноста беше преименувана во Индонезија, станаа првиот азиски тим што играше на Светското првенство, уште во 1938 година.
За кого ќе навиваат кралот и кралицата ако Холандија и Курасао се сретнат во нокаут фазата…

Royal Celebration with the King and Queen 💙@koninklijkhuis pic.twitter.com/PLLrVoek80

— Curaçao National Football Team (@TheBlueWaveFFK) June 21, 2026


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk