logo
logo
logo

Олисе блескаше: Франција до 77.минута губеше со 0:1, на крајот беше 4:1 за четата на Зидан!

Vecer | 05.10.2026

Олисе блескаше: Франција до 77.минута губеше со 0:1, на крајот беше 4:1 за четата на Зидан!

ФОТО:.facebook.com/equipedefrance/

Спектакл на “Сент Дени“ во Париз. Франција – Белгија 4:1, ама треба да се знае дека до 77.минута гостите со голот на Лукебакио во 35.минута водеше со 0:1. И така беше се до 77.минута кога Зидан во игра ги внесе Дуе, Шерки и Олисе а овие направија пресврт.

Прво Дуе, па потоа Шерки, за да победата ја зачини Олисе со два гола за конечни 4:1.

Нема што, оваа Франција и моќна, без разлика со каков состав игра.

Италија дома со 3:1 ја победи Турција. Сега веќе е јасно дека оваа Италија на Роберто Манчини и тоа како се буди. Скамака, Калафиори и Еспосито стрелаа за домашните, додека Симсир во 66.минута беше стрелецот на гостите.

Ова беа два меча од А Лигата на Нации.

Во Б Лигата на Нации, БиХ ја победи Полска со 1:0, со голот на Башиќ од пенал. Шведска како гостин славеше над Романија со 0:1, С.Ирска и Грузија одиграа 0:0, а Унгарија како гостин ја победи Украина со 1:2.

И во Ц Лигата на Нации селекцијата на Кипар ја победи Летонија со 2:1, а Црна Гора и Ерменија одиграа без голови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk