Нова трагедија во мак-фудбалот: Почина Владимир Секулоски, екс фудбалер на Вардар, Работнички, Тетекс

Vecer | 16.11.2026

Нова трагедија во мак-фудбалот: Почина Владимир Секулоски, екс фудбалер на Вардар, Работнички, Тетекс
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Уште една трагедија за кратко време го потресе македонскиот фудбал. На 46-годишна возраст ненадејно почина Владимир Секулоски, пораенешен фудбалер на Тетекс, Слога Југомагнат, Вардар и Работнички.

Секулоски е роден во Тетово во 1980 година, а од 1999 до 2005 година играше за Слога Југомагнат. Потоа заминува во Вардар, каде игра во следните три сезони. Во 2008 година прави трансфер во Работнички, и останува до 2010 година. Во 2011 година заминува во албанскиот тим Шкумбини, а потоа се враќа во Македонија, најпрво во Тетекс, а потоа и во Македонија ЃП. Карирата ја завршува како фудбалер на Осогово во 2015 година.

По завршувањето на кариерата играше рекреативно мал фудбал, а работеше друга професија.

Ова е нова трагедија во мак-фудбалот, само три дена откако стигна ужасната вест за смртта на поранешниот репрезентативец Агрон Мемеди, кој колабираше за време на тренинг на Шкендија, каде ја извршуваше функцијата помошник тренер.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk