logo
logo
logo

Официјално: Зинедин Зидан е новиот селектор на Франција

Vecer | 28.07.2026

Официјално: Зинедин Зидан е новиот селектор на Франција

Фудбалската Федерација на Франција предмалку во своите простории свечено го претстави новиот селектор на репрезентацијата во името на легендарниот Зинедин Зидан.

Еден од најголемите фудбалери на сите времиња, за Франција и да не говориме, конечно застана на чело на националниот тим со кој како играч и капитен освои многу трофеји.

Сега, како тренер ќе се обиде да го врати сјајот на „Триколорите“ кои што на последниот Мундијал во САД, Мексико и Канада не се прославија и не стигнаа до посакуваната цел, финалето и титулата.

„Ви благодарам на сите. Прво на сите, сакам да испратам порака за поддршка до пожарникарите и до сите што се борат со пожарите. Ова е тежок момент и моите мисли се со нив. Им благодарам на федерацијата и на претседателот за нивната доверба. Ако сè функционира толку добро тука, тоа е затоа што имаат одличен тим. За мене, ова е сон што се оствари. Можам да кажам дека во последните четири или пет години имав понуди од клубови и ги одбив затоа што ја сакав само Франција. Тоа беше единственото нешто што сакав да го направам. Дојдов до крај како играч и ќе дадам сè од себе за да можеме да продолжиме да победуваме. Сакам да им честитам на Дешан и на целиот негов персонал – браво за сè што постигнавте. Сите сакаме да ја видиме Франција како победува и ќе ја вложам целата моја енергија во овој тим.“ – изјави Зидан на самата промоција.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk