Тиџани Рејндерс дефинитивно се пресели од Манчестер Сити во Сауди Ал Кадсија, објавија денес овие клубови. Како што објави Ал Кадсија, 28-годишниот играч од средниот ред на холандската репрезентација потпиша договор до јуни 2031 година.
Англиските медиуми објавија дека цената на трансферот е околу 61 милион евра. Ова е втората најскапа продажба на Сити во историјата, по Хулијан Алварез, кој замина во Атлетико Мадрид пред две години за 75 милиони евра. Рејндерс пристигна во Сити минатото лето од Милан, одигра вкупно 50 натпревари за клубот од Манчестер и постигна седум гола, но не го направи она што се очекуваше од него – не стана лидер, па „граѓаните“ решија да го продадат.
„Неверојатна привилегија беше да играм за Манчестер Сити и уживав во секоја минута што ја поминав тука. Од моментот кога пристигнав, сите во клубот – играчи, тренери и персонал – ме натераа да се чувствувам добредојден и дел од семејството на Манчестер Сити“, рече Рејндерс.
Холанѓанецот имаше посебна порака за навивачите.
„Особено би сакал да им се заблагодарам на навивачите на Сити, кои ми дадоа мене и на моето семејство огромна поддршка. Да се биде дел од тимот што освои два толку важни трофеи минатата сезона беше неверојатно искуство и нешто што секогаш ќе го паметам“, рече Рејндерс. Тој прерано заврши со играње сериозен европски фудбал, но наводно ќе добива астрономска плата во Саудиска Арабија.