Искусниот италијански стратег, и поранешен селектор на „Азурите“, Џенаро Гатузо и официјално е нов тренер на екипата на Лацио.
Клубот од Рим денеска го промовираше Гатузо во нов кормилар со што го заменува Маурицио Сари, кој ја презеде Аталанта.
Лацио е четвртиот тим што Гатузо го води во Серија А.
„Клубот топло го поздравува својот нов менаџер и е уверен дека неговото искуство, професионализам и решителност ќе придонесат за остварување на спортските цели на клубот“, напиша Лацио.