Официјално: Балеба е нов член на Манчестер Јунајтед

Vecer | 25.08.2026

Официјално: Балеба е нов член на Манчестер Јунајтед
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Манчестер Јунајтед официјално го потврди доаѓањето на камерунскиот играч за врска Карлос Балеба од Брајтон.

Прославениот англиски клуб плати фиксна сума од околу 65 милиони фунти, додека целиот договор би можел да се зголеми за дополнителни шест милиони евра со бонуси.

22-годишниот фудбалер потпиша повеќегодишен договор со „црвените ѓаволи“ откако успешно ги заврши медицинските прегледи. Доаѓањето на Балеба претставува најскапото летно засилување за тимот предводен од Мајкл Керик.

Камерунецот е исто така третото големо засилување во средниот ред на Јунајтед оваа сезона, откако претходно пристигнаа Јури Тилеманс и Андреј Сантос.

Се очекува Балеба да дебитира за својот нов клуб веќе во следната рунда од Премиер лигата.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk