Реал Мадрид би можел да остане без уште еден дефанзивец поради повреда, откако Раул Асенсио е пред одлука да се подложи на операција. Според „Марка“, 23-годишниот фудбалер веќе девет месеци има проблеми со десната тибија, а конзервативниот третман досега не го решил проблемот.
Можноста за хируршка интервенција била разгледувана уште на крајот од минатата сезона, но тогаш клубот и играчот одлучиле да продолжат со нехируршки третман. Сепак, болките повторно се појавиле во август, а последниот период на рехабилитација не донел очекувано подобрување.
Одлуката за операција треба да биде донесена наскоро, а доколку биде извршена, Асенсио би бил надвор од терените околу два до три месеци. Асенсио оваа сезона сè уште нема настап за Реал Мадрид, а неговата евентуална операција дополнително ќе ја намали ротацијата во дефанзивната линија на шпанскиот гигант.