logo
logo
logo

Наместо мотивација, за малку инцидентот во таборот на Франција

Vecer | 18.07.2026

Наместо мотивација, за малку инцидентот во таборот на Франција

фото: FIFA World Cup Stats (X)

Франција нема да има можност да освои нова светска титула. „Триколорите“ загубија во полуфиналето од тековниот Мундијал од Шпанија, и сега ќе мора да се задоволат со мечот за третото место против Англија.

Медиумите во оваа земја живо се бават со се што се случува во националниот тим, а една од жешките теми е секако наводниот инцидент на полувремето од дуелот со Шпанија.
Во центарот на вниманието Усман Дембеле, освојувачот на Златната топка кој што во обид да ги мотивира своите соиграчи за предизвикал инцидент. Мотивациониот говор имал контра ефект, односно реакција кај останатите во соблекувалната. Дембеле бил убеден дека притисокот на последната линија на Шпанија, не е доволен, но во тоа не се согласиле неговите соиграчи.

Напротив, токму останатите во тимот сметале дека Дембеле е виновникот за проблемот во играта, и дека тој само сака да обвини друг за да ја симне вината од себе.

Килијан Мбапе пак по дуелот даде изјава која што во многу наликува на гореспоменатата тема.

„Шпанија се држеше до својот план за игра. Не притискавме добро врз нив. Нивните играчи од средниот ред имаа премногу време да размислат и да ја додадат топката“. – изјави Мбапе.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk