logo
logo
logo

Нагелсман поднесува оставка, а Клоп доаѓа на негово место

Vecer | 03.07.2026

Нагелсман поднесува оставка, а Клоп доаѓа на негово место

ФОТО: Јurgen Klopp/X

По дебаклот на тековниот Мундијал, и раното испаѓање на репрезентацијата на Германија, „Панцирите“ отворено и без бардон стартуваат со рехабилитирање, и поправка на она што очигледно не чини.

Во прв момент, тоа секако ќе биде смена на селекторот Џулијан Нагелсман кој што според германските медиуми веќе е минато, односно си поднесува оставка.

На негово место истите извори тврдат дека пристигнува еден од најголемите германски фудбалски стручњаци на сите времиња, Јирген Клоп.

„Што се однесува до именувањето на новиот селектор, раководството на германската фудбалска федерација сега ќе влезе во преговори со Јирген Клоп. Тој веќе испрати позитивни сигнали и подготвеност да ја преземе функцијата“ – стои во кратката изјава која што ја пренесе германскиот Скај Спорт.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk