logo
logo
logo

Муслиу: Имаме шанси да ја поминеме групата

Vecer | 13.06.2021

Муслиу: Имаме шанси да ја поминеме групата

Македонскиот стопер Висар Муслиу водеше многу борба во одбраната со противничките фудбалери, но за жал, не успеавме да запишеме добар резултат. Тој призна дека не делувале на нивото на кое очекувале, но од друга страна Австрија наметна жестоко темпо, агресивна игра по која не се снајдовме.

Почнавме малку емотивно. Противникот даде еден гол, потоа се вративме и беше добро се до оној втор гол, една мала деконцентрација во првата наша зона и противникот казни. Генерално не  беше она ниво што ние го очекувавме. Да ги искористевме оние полушанси мислам да дадевме втор гол тогаш се ќе беше на наша страна. Сепак, имаме уште шанси да ја поминеме групата. Треба психички да се подготвиме, а ги најдеме слабите страни на Украина и со подобра игра да победиме“, вели Муслиу.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk