logo
logo
logo

Му ја скрши ногата, па е суспендиран колку што противникот ќе се опоравува (ВИДЕО)

Vecer | 29.07.2026

Му ја скрши ногата, па е суспендиран колку што противникот ќе се опоравува (ВИДЕО)

Во фудбалскиот шампионат на Бразил, донесена е одлука која според многумина треба да стане стандардизирана и во останатиот дел од свето. Истата е производ на лошото однесување на терен, непромислениот потег, и соочувањето со последиците од постапките кои што се прават.

Дефанзивецот на тимот на Интернасионал, Виктор Габриел, е суспендиран за грубиот старт над напаѓачот на Крузеиро, Габриел Пак. Казната е несекојдневна, и вели дека Габриел нема да може да игра фудбал се додека Пак целосно не се опорави од сериозната скршеница на ногата.

Оваа чудна но според многумина правилна одлука ја донесе спортскиот суд во Бразил, институција која што очигледно се бави и со вакви случаји, и која што одлучи да го казни Габриел очиглендо за начинот на кој што се однесуваше на терен. Тој нормално вели дека немал никаква намера, но намерата во моментов и не е важна, туку последицата од неговиот старт. А таа вели дека Габриел Пак има скршена нога, ќе мора на операција и на долготрајна рехабилитација.

Судот вели дека суспензијата не би требала да трае повеќе од шест месеци, период во кој што Пак би требало според медицинскиот тим целосно да се опорави.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk