logo
logo
logo

Милан за Рафа Леао сега бара само 40-50 милиони евра

Vecer | 16.08.2026

Милан за Рафа Леао сега бара само 40-50 милиони евра

фото: AC Milan (X)

Рафаел Леао е се поблиску до заминување од Милан, а тоа го поткрепува и значително намалената цена што „росонерите“ ја бараат за брзиот играч. Според последните информации од „Газета Спорт“, Милан ќе се согласи да го продаде крилниот напаѓач за отштета помеѓу 40 и 45 милиони евра, што е значително различно од првичната сума што достигна до 60 милиони евра. Како што се наведува, главната причина за одлуката да се намали цената за Португалецот лежи во фактот што овој фудбалер не се вклопува во плановите на Рубен Аморим, па во Милан проценија дека ова лето е идеално за разделба. Ваквата одлука на Милан ќе ги доближи до договор со Галатасарај, кој досега фрли најмногу до 35 милиони евра на име на понудата. Истиот извор потсетува дека во меѓувреме, Леао се „оладил“ околу можноста да оди во Турција, и дека е повеќе заинтересиран да оди во Премиер лигата доколку се појави можност. Од друга страна, Милан не сака да чека бесконечно, свесен дека му се потребни пари за идните засилувања, па затоа генерално, не е исклучено Португалецот да остане на Сан Сиро.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk