Уф, каков меч во Хјустон? Едноставно меч за уживање во Хјустон меѓу Холандија и Шведска кој заврши со 5:1 за “Лалињата“ кои и тоа како покажаа сила и не ја повторија грешката од првиот меч во групата Ф со Јапонија.
Ова беше вистинска рапсодија на четата на Роналд Куман, а фантастични беа Брајан Броби и Коди Гакпо со по два гола. Првиот стрелаше во 6. и 17.минута, а вториот во 47. и 54.минута. Стрелаше и Самервил за 5:1 во 90.минута. Одамна не сме ја виделе Холандија во вакво блескаво издание, и ако игра вака и натаму тогаш јасно е дека овој тим е фаворит за висок пласман на овој Мундијал. Треба да се каже дека првиот и вториот гол на Броби беа 99 и 100-тиот на Холандија на Мундијалите.
Холандија имаше свои шанси и за поубедлива победа, ама и Шведска имаше свои моменти, свои шанси преку Ѓокереш и Исак.
Еланга во 59.минута намали на 4:1 а во 69.минута го имаше потег на денот кога од свртување низ нозе му ја протна топката на еден играч на Холандија, штета што оваа негова акција немаше завршница со гол.
Ова е прва победа на Холандија и прв пораз на Шведска на ова СП.
Во 90.минута уште една прекрасна акција на Холандија и уште еден гол за 5:1, стрелец беше Самервил.