logo
logo
logo

Мбапе добитник на наградата „Златен Онз“

Vecer | 19.10.2026

Мбапе добитник на наградата „Златен Онз“

На само неколку дена пред да биде доделена наградата „Златна топка“, Килијан Мбапе доби признание кое што го годелуваат читателите на француското списание „Онз Мондиал“.

Мбапе е добитник на „Златен Онз“, а оваа награда се доделува на играчот кој што според читателите на списанието е најдобар во Европа.
Играчот на Реал Мадрид ја превзема наградата од минатогодишниот лауреат, Усман Дембеле кој што беше прогласен за најдобар во 2025.

Успехот на Мбапе се темели на импресивната сезона со над 40 постигнати голови, надополнета со историски настап на Светското првенство во 2026 година, каде што стана играч со најмногу голови во историјата на Мундијалите. За наградата за 2026 година, напаѓачот на „кралскиот клуб“ собра 48,2% од гласовите и убедливо ги победи ѕвездите на ПСЖ, Жоао Невеш (11,9%) и Квича Кварацкелиа(10,8%), кои триумфираа во Лигата на шампионите со парискиот гигант.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk