Мареска веќе почна да го глуми Пеп!(ВИДЕО)

Vecer | 25.08.2026

Мареска веќе почна да го глуми Пеп!(ВИДЕО)
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:.facebook.com/mancity/

Манчестер Сити се извлече против Борнмут, со пресврт во финишот и победи во дебито во Премиер лигата на новиот менаџер Енцо Мареска.
Италијанецот го наследи Пеп Гвардиола на клупата на „Граѓаните“, со чие заминување заврши десетгодишна трофејна ера за клубот од „Етихад“. Мареска ќе биде под голем притисок поради неговиот многу успешен претходник, сигурно нема да може да избегне споредби. Многумина забележаа дека поранешниот менаџер на Челзи веќе почна да применува некои од методите на Пеп.
Па така по натпреварот, тој му се приближи на Рајан Шерки, го прегрна пријателски и му рече нешто.

Maresca and Cherki at full time 😭😭😭😭 pic.twitter.com/jVaVsDSzLU

— ⚡️🇧🇼 (@Priceless_MCI) August 23, 2026


Во актерски речник кажано, тој влезе во „ликот на Гвардиола“, иако на некои не им се допадна тоа.

Коментари како „Ти не си Пеп“, „Зошто го глумиш Пеп“ ги преплавија социјалните мрежи.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk