Малерозниот Лаутаро повторно се повреди

Vecer | 10.04.2026

Малерозниот Лаутаро повторно се повреди
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

Напаѓачот на Интер и аргентинската репрезентација, Лаутаро Мартинез доживеа нова повреда. Откако паузираше околу месед дена и пропушти неколку клучни натпревари во Серија А поради повреда, Лаутаро накратко се врати на терените, но по се изгледа дека тој повторно ќе мора да биде надвор од терените.

Во текот на денешниот ден Лаутаро бил подложен на нови клинички прегледи, кои откриле истегнување на солеус мускулот на левата нога. Според неколку извори блиски до клубот, аргентинецот би можел да биде надвор од терените околу две до три недели.

Оваа сезона Лаутаро одигра 26 натпревари за Интер и постигна 16 гола и 4 асистенции.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk