Англија – ДР Конго 2:1 и тоа со пресврт и тоа со двата гола на маестралниот Хари Кејн. А беше по првиот дел 0:1 за селекцијата од Африка, ама маестро Хари рече – ДОСТА Е и со два прекрасни голови во второто полувреме успеа да ја однесе во 1/8 финалето на меч со Мексико, но и ја спаси од голем срам.
Инаку ДР Конго и тоа како го започна мечот подобро со висок пресинг. Јасно беше дека Англичаните беа изненадени а доживеаја шок во 7.минута кога Ципенга го совлада Пикфорд за 0:1. Од 20.минута па се до крајот на приот дел, Англија беше доминантна, имаше неколку шанси и тоа преку Кејн две, потоа Рашфорд, Белингем. Во финишот на првиот дел Англија бараше пенал, кога Кејн според нив бил фаулиран од страна на голманот на ДР Конго. Сепак ВАР и главниот судија беа децидни, сметајќи дека Кејн го иницирал прекршокот и затоа немало пенал. Во 42.минута Виса имаше супер шанса за 0:2, но го погоди левиот дирек на Африканците, па така на пауза се замина со тие 0:1 за ДР Конго.
Очекувано, во продолжение од средбата Англија тргна со сите сили во напад, а Рашфорд во 52.минута можеше и мораше да погоди од голема шанса.
Израмнувањето дојде во 75.минута и тоа преку Хари Кејн, ова за него беше 83-тиот гол во 118 меч за Англија. Заслужено, ако се знае кочку шанси имаа Англичаните. И тоа не беше се од Хари Кејн, се играше 86.минута кога постигна прекрасен гол за пресврт, за водство на Англија со 2:1, за победа. Ова за него е петти гол на ова СП.