Вечерва во стандарните термини од 18.45 и 21 часот се играат уште девет натпревари од 5.коло во Лигата на Шампионите. Дербити се игра во Париз каде на „Паркот на Принцовите“ силите ќе ги одмерат ПСЖ и Рома. Јасно е дека европскиот шампион ќе има тепка задача, посебно ако се знае дека поради повреда нема да играат клучните напаѓачи Дезире Дуе и Квича Кварацкелија, и за двајцата сезоната веќе заврши.
Тимот на Луис Енрике посакува “пет од пет“, а Рома со бод(ови) да се пробие на некое повисоко место на табелата.
Интересно треба да биде на дуелите Спортинг – Манчестер Јунајтед, Интер – Штутгарт, Лил – Баерн Минхен кој ќе биде драстично ослабен со неиграњето на Кејн и Олисе, Барселона без Јамал гостува кај Сабах.
Во продолжение можете да ги видите сите двојки за денеска:
ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА
18.45 ч
Сабах – Барселона
Славија Прага – Виљареал
21.00 ч
Атлетико Мадрид – Викинг
Клуб Бриж – Ливерпул
Интер – Штутгарт
Лил – Баерн Минхен
ПСЖ – Рома
Шахтјар – Фенербахче
Спортинг – Манчестер Јунајтед