Роналдо се доближува до голот број 1.000!

Vecer | 25.11.2026

Роналдо се доближува до голот број 1.000!
Додај го Вечер како твој извор на Google (се отвора во нов таб)

ФОТО:x.com/AlNassrFC_EN
Ал-Наср забележа важна победа од 2-1 против катарскиот Ал-Сад во натпревар од петтото коло во основната фаза на Азиската Лига на шампиони. Португалските ѕвезди Кристијано Роналдо и Жоао Феликс беа стрелци за саудискиот тим, а искусниот напаѓач е сè поблиску до историската граница од 1.000 голови во професионалната кариера.

На Роналдо му недостигаат уште само 13 погодоци за да стигне до оваа неверојатна бројка, со што секој негов следен настап е во знакот на големиот јубилеј.

Со оваа победа, Ал-Наср стигна до девет бода и се искачи на петтото место на табелата во Западната зона, со натпревар помалку. Од друга страна, Ал-Сад останува на два бода и сè уште нема триумф во досегашниот тек на натпреварувањето.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk