Фудбалската репрезентација на Србија го претрпе вториот пораз во Лигата на нации, откако на домашен терен во Белград загуби од Холандија со 2:1, во рамките на второто коло од групата 2 во А-дивизијата.
Холанѓаните поведоа во 30. минута со голот на Мекс Мердинк од пенал, откако Алексa Терзиќ го собори Самервил во шеснаесетникот. Србија израмни веднаш на почетокот на второто полувреме, кога Лука Јовиќ во 46. минута ја затресе мрежата по акција во која учествуваа Тадиќ, Живковиќ и Павловиќ. Сепак, Мердинк во 69. минута го постигна својот втор гол на натпреварот и ѝ донесе победа на Холандија.
Србија така останува без бодови по првите две кола, по поразот од Грција (2:1) во првото коло. Холандија, пак, стигна до првата победа во групата, откако претходно ремизираше со Германија (1:1).
Данска ја забележа првата победа во новата сезона од Лигата на нации, откако на домашен терен го совлада Велс со 2:0. Данците до водство стигнаа во 53. минута, кога капитенот на Велс, Бен Дејвис, несреќно ја затресе сопствената мрежа. Само 13 минути подоцна Данска го постигна и вториот гол. Густав Исаксен во 66. минута ја искористи шансата и го зголеми водството на домаќините на 2:0. По поразот од Норвешка со 3:2 на стартот, Данска сега освои важни три бода и се врати во игра во групата. Велс, пак, по минималниот пораз од Португалија, остана без бодови и по вториот натпревар.
Во Б-сегментот, Австрија го совлада Косово со 3:1, додека во Д-сегментот, Гибралтар и Андора одиграа 0:0.