logo
logo
logo

Лига на Нации: Шпанија во атак на нови бодови, Хрватска на мегдан со Англија

Vecer | 03.10.2026

Лига на Нации: Шпанија во атак на нови бодови, Хрватска на мегдан со Англија

ФОТО:.facebook.com/SeFutbol/

Попладнево и вечерва на програмата се уште осум средби од 3.коло во Лигата на Нации. Секако дека за нас најинтересно ќе биде што ќе се случува на Арената во Скопје, каде Македонија ќе ги одмери силите со Шкотска.

Во меч од А Лигата на Нации селекцијата на Шпанија во Овиедо не би требало да има проблеми против Чешка, се освен убедлива победа на европскиот и светски првак ќе биде рамно на сензација. Веројатно селекторот Луис де ла Фуенте ќе комбинира со составот, но оваа Шпанија е толку моќна што без проблеми би славела вечерва и со вториот состав.

Дербито на денот е во Риека каде домашната селекција на Хрватска ќе се сретне со Англија во битка за втората позиција ако се знае дека европскиот и светски првак е неприкосновен.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки за денеска:

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

А ЛИГА НА НАЦИИ

Хрватска – Англија (18 ч)

Шпанија – Чешка (20.45 ч)

Б ЛИГА НА НАЦИИ

Македонија – Шкотска (20.45 ч)

Швајцарија – Словенија (20.45 ч)

Ц ЛИГА НА НАЦИИ

Финска – Албанија (15 ч)

Белорусија – Сан Марино (18 ч)

Естонија – Луксембург (18 ч)

Исланд – Бугарија (18 ч)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk