logo
logo
logo

Лига на Нации: Халанд на мегдан со Роналдо и компанија, Холандија гостува во Белград

Vecer | 27.09.2026

Лига на Нации: Халанд на мегдан со Роналдо и компанија, Холандија гостува во Белград

ФОТО:facebook.com/fifaworldcup

И денеска има неколку натпревари кои и тоа како предизвикуваат возбудувања и се очекува да биде супер интересно. Во А Лигата на Нации селекцијата на Норвешка, предводена од “ѕверот“ Ерлинг Халанд ќе и биде домаќин на Португалија на Кристијано Роналдо. Тоа ќе биде спектакл.

Во Белград гостува Холандија на Чави, прашање е што може Србија на Пауновиќ да стори на овој меч. Играат и Данска – Велс и Германија – Грција.

Во Б Лигата на Нации се среќаваат Австрија – Косово и Израел – Р.Ирска. Овој вториот меч беше под знак прашалник, дали ќе се игра или не.

И во Ц Лигата на Нации силите ќе ги одмерат Литванија – Азербејџан и Гибралтар – Андора.

ДВОЈКИ ЗА ДЕНЕСКА

А ЛИГА НА НАЦИИ

Данска – Велс (18 ч)

Србија -Холандија (18 ч)

Норвешка – Португалија (20.45 ч)

Германија – Грција (20.45 ч)

Б ЛИГА НА НАЦИИ

Австрија – Косово (18 ч)

Израел – Р.Ирска (20.45 ч)

Ц ЛИГА НА НАЦИИ

Литванија – Азербејџан (15 ч)

Гибралтар – Андора (18 ч)


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk