logo
logo
logo

„Лалињата“ повторно ја совладаа Србија, Грција и Германија одиграа празно реми

Vecer | 04.10.2026

„Лалињата“ повторно ја совладаа Србија, Грција и Германија одиграа празно реми

Репрезентативците на Холандија ја совладаа екипата на Србија со 2:1 во четвртото коло од Лигата на Нации. Момците на Чави Ернандез ја покажаа својата класа и на домашен терен успеаја да стигнат до втора победа над „орлите“.

Холанѓаните поведоа преку Копмајнерс во 31-та минута со одличен гол од слободен удар, но Србија набрзина изедначи со голот на Цветковиќ само 4 минути подоцна. До крајот на натпреварот домашниот тим притискаше и редеше шанси, а победоносниот гол стигна во 72-та минута кога Зиркзе го постави конечниот резултат.

На вториот натпревар од оваа група репрезентациите на Грција и Германија ремизираа со 0:0. Со овој резултат Холандија го превзема првото место во групата со 8 бода, колку што има и второпласираната Грција. Германија се наоѓа на третото место со само 5 бода, а Србија е последна без бодови.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk