logo
logo
logo

Куртоа паузира најмалку еден месец

Vecer | 19.03.2026

Куртоа паузира најмалку еден месец

Проблеми за тимот на Реал Мадрид во клучниот дел од сезоната. Првиот голман Тибо Куртоа поради повреда ќе паузира околу месец и пол, и нема да биде во можност да му помогне на тимот на неколку важни мечеви. Пред се тука се мисли на двомечот во ЛШ против тимот на Баерн Минхен.

Куртоа беше заменет во еден момент на дуелот против Манчестер Сити, а прегледите покажаа дека се работи за посериозна повреда.

„ По прегледите што денес ги изврши медицинскиот тим врз Тибо Куртоа дијагностицираа повреда на мускулот на предниот дел од десниот квадрицепс. Чекаме понатамошен развој на настаните “, се вели во соопштението на „Лос Бланкос“.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk