logo
logo
logo

Кризата ја предомисли Барселона, Каталонците одложија уште еден тест натпревар

Vecer | 08.08.2026

Кризата ја предомисли Барселона, Каталонците одложија уште еден тест натпревар

Фото: Барселона Х

Фудбалскиот клуб Барселона го откажа пријателскиот натпревар против мароканскиот „Итихад“ поради актуелната криза на границата меѓу Мароко и шпанската Сеута, соопшти клубот.

Шпанскиот шампион требаше да се сретне со домашната екипа на 15 август во северозападниот дел на Мароко како дел од подготовките за новата сезона, но клубот реши да се откаже од гостувањето.

„Со оглед на моменталната неизвесност и околности, веруваме дека не е соодветно да се игра овој натпревар“, се вели во соопштението на Барселона.

Клубот не ја прецизираше причината за откажувањето, но Би-Би-Си објави дека одлуката е поврзана со ситуацијата во Сеута, шпанска енклава во Северна Африка која граничи со Мароко.

Минатата недела околу 78.000 мигранти влегоа на територијата на Сеута по морски пат од Мароко, при што загинаа околу 100 луѓе, што предизвика нови политички тензии меѓу земјите од Европската унија. Иако повеќето од мигрантите оттогаш се вратиле во Мароко, меѓу 3.000 и 5.000 од нив сè уште се во Сеута.

Ова е втор откажан пријателски натпревар за Барселона за време на подготовките, откако не одигра натпревар против Престон Норт Енд по тренинг кампот во Велика Британија, каде играше против Бирмингем Сити.

Избраниците на Ханси Флик в сабота ќе играат против Нотингем Форест во италијански Удине, потоа на 19 август ќе му гостуваат на египетски Ал Ахли, додека одбраната на титулата во Ла Лига ќе ја започне на 23 август со мечот против Елче.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk