logo
logo
logo

Кристијано Роналдо јуниор заврши со Португалија!?

Vecer | 09.10.2026

Кристијано Роналдо јуниор заврши со Португалија!?

Дали е можно, синот на Кристијано Роналдо, Јуиор, да ги смени националните бои и да заигра за друга репрезентација.

Приказната околу репрезенаттивната кариера на Кристијано Роналдо е веќе позната. Тој го напушти репрезентативниот кампус пред мечот со Данска, незадоволен од фактот што не настапи на дуелот со Норвешка, а имало договор со селекторот Жезус да добие минутажа.

Кристијано демонстративно напушти, светот буквално тие денови живееже за нова информација околу тоа.

Од друга страна пак сега, се поставува прашањето што ќе биде со неговиот син Кристијано Роналдо Јуниор. Тој веќе има статус на младински репрезентативец на Португалија, но можеби Сениор сега ќе влијае тој да ги смени националните бои.

Јуниор има опции да бира доколку се одлучи за такво нешто. Роден е во САД, има живеено повеќе од пет години во Шпанија, неговата баба има потекло од Зеленортски Острови, а со оглед на фактот што јавноста никогаш не дозна која е неговата биолошка мајка, можеби ќе се појави и некоја сосема нова опција.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk