logo
logo
logo

Киву: Мечот Интер – Наполи е вистинска реклама за Серија А и Калчо фудбалот

Vecer | 06.09.2026

Киву: Мечот Интер – Наполи е вистинска реклама за Серија А и Калчо фудбалот

Екипата на Интер синоќа во фантастичен меч на домашен терен во рамките од новото коло во Серија А, го доби тимот на Наполи со конечни 3:2. Во меч полн со пресврти домаќинот, успеа во самиот финиш не само да се врати од негатива, туку и да победи на крајот.

По мечот, стратегот Кристијан Киву, полн со емоции, рече дека овој меч бил фантастичен за следење, и дека е вистинска реклама за италијанскиот фудбал во моментов.

„Беше одличен натпревар за гледање, забавен и фантастична реклама за италијанскиот фудбал. При резултат 2-2, двата тима се бореа подеднакво. Видов шанси пред двата гола, и на крајот ние сме тие што славеа бидејќи успеавме да стигнеме до 3-2. Мораме да му честитаме на Наполи бидејќи тие се силен тим, добро трениран и полн со играчи кои можат да го решат натпреварот“, –  рече Киву.

„Можевме подобро со првиот гол, а примениот втор беше последица на премногу размислување за тоа што тргна наопаку со првиот. Но, ми се допадна реакцијата. Тимот не ја изгуби концентрацијата и го задржа својот идентитет. Намалувањето на дефицитот на 1:2 ни даде дополнителна надеж, а во исто време знаевме дека не можеме да преземаме неодговорни ризици. На крајот, нашата храброст беше наградена“, – додаде романецот.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk