logo
logo
logo

Херојот на “Фуријата“: Верувам дека ни беше судено да победиме во финалето!

Vecer | 20.07.2026

Херојот на “Фуријата“: Верувам дека ни беше судено да победиме во финалето!

ФОТО:x.com/fifaworldcup_es

Феран Торес влезе во историјата како човекот кој ѝ ја донесе на Шпанија втората титула на Светското првенство. Напаѓачот на Барселона влезе како замена во финалето против Аргентина и го постигна победничкиот гол во продолжението.
„Многу тешко финале. Вакви натпревари никогаш не се лесни. Направивме сè што можевме и успеавме да победиме“, рече Феран Торес неколку минути по триумфот.

Сè зависеше од нас. Играњето против Меси беше неверојатно. Имавме доволно сила и тоа ни помогна“, продолжи напаѓачот на “Фуријата“.
„Чувството е неописливо во моментов. Исто така, има многу олеснување. Верувам дека ни беше судено да победиме во финалето и да го освоиме Светското првенство“, додаде среќниот Феран Торес.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk