logo
logo
logo

Хендерсон и официјално во Челзи!

Vecer | 03.08.2026

Хендерсон и официјално во Челзи!

ФОТО:.facebook.com/ChelseaFC/

Најавите се остварија, Џордан Хендерсон и официјално е нов член на Челзи, со кого потпиша двегодишен договор, откако ја прекина соработката со Брентфорд по меѓусебен договор, соопшти клубот денес.
Искусниот 36-годишен играч од средниот ред се приклучува во редовите на лондонскиот клуб по една сезона во Брентфорд, за која одигра 32 натпревари во Премиер лигата.
„Со оглед на големината на клубот, менаџерот Чаби Алонсо, кого многу го почитувам, и квалитетот на играчите, ова беше можност што не можев да ја одбијам. Сакам да давам се од себе секој ден на и надвор од теренот за да му помогнам на тимот. Едвај чекам да почнам“, рече Хендерсон.
Хендерсон остави најголем белег во Ливерпул, чиј капитен беше и со кого ја освои Премиер лигата, Лигата на шампионите, ФА Купот, два Лига купа, Суперкупот на УЕФА и Светското клупско првенство. Откако го напушти Енфилд во 2023 година, играше за Ал Етифак и Ајакс, пред да се врати во Премиер лигата минатото лето.
Тој одигра 91 натпревар за репрезентацијата на Англија и учествуваше на седум големи натпреварувања. Ова лето, тој стана првиот Англичанец кој настапи на четири различни Светски првенства, но поради скршена рака, набрзо го заврши учеството на Светското првенство.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk