Поради несогласувања со правецот во кој што се движи клубот, а не поради лошиот старт на сезоната во Серија А, Карлос Куеста повеќе не е тренер на екипата на Парма. И не, младиот стратег не доби отказ туку во договор со клубот си замина од овој клуб.
Парма има само четири бода освоени од стартните пет кола во новиот Серија А шампионат, но менаџментот на клубот на Куеста немаше намера да му врачи отказ. Наспроти тоа, несогласувањата токму со раководните структури е причината што шпанецот заминува.
Иако сезоната е на самиот старт, ова е веќе трето заминување на тренер во италијанската лига. Прет Куеста си заминаа Фабио Гросо од Фиорентина, и Тедеско од Болоња.