И дефинитивно натпреварот меѓу Израел и Република Ирска во Лигата на нации донесе не само убедлива победа од 3:0 за гостите, туку и една од најголемите политички контроверзии во европскиот национален фудбал во последните години. Натпреварот се играше во Дебрецен, Унгарија, каде што Израел игра домашни натпревари поради безбедносната ситуација, а постапките на ирската репрезентација пред и по натпреварот го привлекоа вниманието на јавноста. Ирскиот капитен се ракуваше само со судиите, додека немаше ракување со израелскиот капитен Манор Соломон, ниту размена на знамиња меѓу двете репрезентации.
За време на пеењето на израелската химна, сите ирски играчи стоеја со наведнати глави, а носеа црни ленти на рацете, за кои Фудбалската асоцијација на Ирска рече дека претставуваат знак на сеќавање на „сите изгубени животи“ во војната во Газа.
Еден член на репрезентацијата, резервниот голман Гавин Базуну, одби да игра на овој натпревар поради, како што изјави, лични убедувања.
По натпреварот, капитенот на Израел, Манор Соломон, не го криеше своето разочарување од однесувањето на противникот.
„Очигледно е дека нè мразат. И знаете што, ниту ние не ги сакаме тие Ирци. Некои од нивните играчи ни кажаа многу грди работи за време на натпреварот. Не сакам да откријам што, бидејќи веројатно би бил суспендиран.“
Тој не застана тука…
„Не ме интересира. Имаме земја десет пати подобра од нивната, посилна, неверојатна земја со неверојатни луѓе. Горди сме што го носиме дресот на репрезентацијата и што сме Израелци. Горди сме на нашата земја и на нашите војници. Ирците можат да ги прават сите нивни трикови.“