logo
logo
logo

Каде погреши „златното“ момче од Струмица?

Vecer | 26.07.2026

Каде погреши „златното“ момче од Струмица?

Македонската фудбалска јавност последните години доста дебатираше околу името на Никола Секулов. Дали во недостиг на информации, имиња и посериозен скаутинг од страна на надлежните, Македонија многу често го споменуваше неговото име во конотација на тоа дали тој требаше, можеше или сакаше или не сакаше да игра за Македонија.

Своевремено, Никола Секулов важеше за еден од најголемите таленти во Италија. Пјаченца, Парма, па Јувентус беше неговиот пат како младинец. Во тие времиња Македонија жестоко се бореше за неговиот ангажман во младинските селекции и успеа во тоа. На многу мала возраст, Секулов беше повикуван за нашиот национален тим, со генерација или две постари момчиња, се до моментот кога одеднаш реши повеќе да не настапува за Македонија. Го промени спортскиот пасош и замина засекогаш во дресот на Италија.

Следуваше неговиот фудбалски развој во сениори кој што не изгледа онака како што сите очекуваа. Доби професионален договор со Јувентус, за кого дебитираше на негово заминување од Торино. Потпиша за Сампдорија, но и таму не можеше да се избори за стандардно место, па замина на позајмица во тимот на Караресе.

Второлигашкиот Серија Б статус на Секулов на 24. годишна возраст и не звучи така лошо ако тој таму имаше сериозна улога во екипите каде што настапува, но тоа не е така.

За да летово, при враќањето во дресот на Сампдорија, Никола Секулов на еден пријателски меч доживее тешка повреда на коленото. Страдаше предниот вкрстен лигамент, за кој што ќе биде потребна операција и долга пауза.

Вртоглавиот пад на Секулов кој што од Јувентус и репрезентацијата на Италија, (за која не стигна да настапи ниту за У21 репрезентацијата), го однесе до второлигашките терени и Серија Б нам не ни дава никаква сатисфакција што тој одби да игра за Македонија. Напротив, му посакуваме се најдобро во кариерата. Што побргу да се врати во дресот на Сампдорија, да го покаже талентот што своевремено го одведе до блескавите рефлектори во Торино, и конечно да заигра на нивото кое што сите му го предвидуваа. А Македонија не го заборави никогаш.

Како пример дека можеби националниот дрес (како на многу други, кои настапуваа во него и без клуб) во моментите на тешка клупска играчка криза, ќе ти дадеше стимул поткрепа и додатен елан да издржиш кога е најтешко.

 

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk