Тимот на Јуве играчки и резултатски за момент излезе од кризата, и вечерва обезбеди три бода и победа на гостувањето кај екипата на Лече.
Конечните 0:2, се дело на Вестон Меккини и Даглас Луис кои што погодија во 29. односно 41. минута од мечот, за сигурно водство на гостите уште во првиот дел.
Во продолжението домаќинот нешто се обиде бргу направи три измени, но истите не донесоа преголема разлика во резултатот.
Истиот остана непроменет до крајот на мечот, а Јувентус со оваа победа дојде до бројката од 14 поени и седмо место. Лече е дванаесетти со девет поени.