Јавноста во Хрватска отворено прашува, му треба ли на Динамо нов тренер?

Vecer | 23.10.2026

Јавноста во Хрватска отворено прашува, му треба ли на Динамо нов тренер?

Неочекувано, но за многумина сосема заслужено според настапот, синоќа тимот на Динамо Загреб на свој терен во рамките од новото коло во Лигата на Европа загуби од холандскиот тим НЕК Нијмеген со 2:4. Во дуел во кој што особено во вториот дел тотално беше надигран и прими четири гола, што е недозволиво за така реномиран клуб.

Денеска пак јавноста во Хрватска отворено се прашува, дали Марио Ковачевиќ и натаму треба да е тренер на шампионот на Хрватска. Притисокот е огромен, Динамо не е мал клуб, има армија навивачи зад себе, и резултатите во минатото во Европа, ја поставуваат „летвичката“ секогаш на високо. Поразот од НЕК секако дека се коси со сето ова, па Ковачевиќ има огромен проблем во моментов.

Од друга страна пак, додека менаџментот на Динамо решава дали да му даде шанса и натаму да биде тренер на Ковачевиќ, или пак да го смени, јавноста отворено лицитира со неговиот потенцијален наследник и гласно прашува. Кого би сакале да видите на клупата на Динамо?

Ненад Блелица, Игор Бишлан, Крунослав Јурчиќ, Игор Јовичевиќ, се се имиња кои што во своето портфолио веќе го имаат Динамо Загреб. И реално веднаш би се вклопиле во се она што се случува на „Максимир“.

А дали Звонимир Бобан, првиот оперативец на „Модрите“ во моментов ќе се одлучи на ваков потег, останува да видиме викендов.

 


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk