logo
logo
logo

Инфантино во проблеми: Го моли Трамп да го “спаси“, ама претседателот на САД не му одговара на повиците!

Vecer | 03.08.2026

Инфантино во проблеми: Го моли Трамп да го “спаси“, ама претседателот на САД не му одговара на повиците!

фото: Football Tweet (X)

Зарем навистина Џани Инфантино мислеше дека со Доналд Трамп може да се прави договор и истиот да се почитува? А што мислеше кога “влезе“ во “дил“ со првиот човек на САД?

И ете, сега го моли по секоја цена да го „спаси“, ама Трамп не му дига телефон, едноставно го откачи.

Имено претседателот на ФИФАпобарал помош од администрацијата на Доналд Трамп за да ја зачува својата позиција, тврди „Њујорк пост“. „Пост“ објави дека Инфантино договорил приватна средба со американскиот државен секретар Марко Рубио, бидејќи расте притисокот тој да поднесе оставка поради неуспешниот план за продажба на комерцијалните права на Светското првенство на приватниот фонд на Џош Кушнер.
„Тој сакаше да го контактира секретарот и да разговара за тоа како фудбалот може да послужи како форма на „мека моќ“ за Америка“, рече еден инсајдер.

Но, на сите им е јасно дека сето ова се однесува на зачувување на неговата позиција. Ништо друго не е важно во овој момент“. Друг извор рече дека швајцарско-италијанскиот спортски функционер се чувствува „изолиран“ поради низа негативни медиумски извештаи и бара влијателни сојузници кои јавно ќе го поддржат.

Сепак, помошникот државен секретар на САД, Дилан Џонсон, го негираше написот на „Њујорк пост“ за претседателот на ФИФА, велејќи дека „нема планови државниот секретар Марко Рубио да се сретне со Инфантина“.
Извори тврдат дека 56-годишниот Инфантино постојано се обидувал да го контактира 80-годишниот Трамп по телефон од петокот, кога неговиот план за продажба на комерцијалните права пропаднал. „Пост“ прв објави дека обидот на Инфантино да ги издвои правата за емитување, спонзорство, лиценцирање и билети бил блокиран по противењето на фудбалските асоцијации ширум светот.
Пропаѓањето на планот предизвика отворен бунт против раководството на Инфантино во рамките на непрофитната организација со седиште во Цирих. Еден функционер на ФИФА изјави за „Пост“ дека неговите колеги сакале да го отстранат како дел од акцијата што ја нарекле „Проект: Убиј го чудовиштето“.

Кевин Ламур, директор за операции на ФИФА, во петокот изјави за „Асошиејтед прес“ дека се чувствувал „измамен“ од потезите на Инфантино, додавајќи дека не бил свесен за тајните преговори.
Планот предвидувал создавање нова подружница, „ФИФА Форвард Ентерпрајз“, за управување со комерцијалните операции. „Трајв Капитал“, инвестициски фонд предводен од Џош Кушнер, помладиот брат на зетот на Трамп, Џаред, требало да преземе 20 проценти од акциите за нешто повеќе од 4 милијарди долари.
Планот, за кој првпат објави „Тајмс оф Лондон“, ги налути фудбалските лидери ширум светот, кои тврдат дека дознале за него од медиумите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk