logo
logo
logo

Инфантино го објави бројот на барања за билети за СП: „Тоа е лудо, но тоа кажува за важноста на Мундијалот“!

Vecer | 29.12.2025

Инфантино го објави бројот на барања за билети за СП: „Тоа е лудо, но тоа кажува за важноста на Мундијалот“!

фото: Football Tweet (X)

Секоја чест за ОИ или ЕП, секоја чест за светските првенства во другите спортови, но СП за фудбал е нешто посебно, нешто што го тангира речиси секој втор или трет жител на оваа планета.

Па така претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, изјави дека за 15 дена се примени 150 милиони барања за билети за Светското првенство во 2026 година, чии домаќини се САД, Канада и Мексико.
„Имаме достапни шест до седум милиони билети, а за 15 дена добивме 150 милиони барања. Тоа значи дека би добивале просечно десет милиони барања секој ден. Во речиси 100 години од Светското првенство, продадени се вкупно 44 милиони билети, па се покажува дека побарувачката за билети за претстојното Светско првенство опфаќа период од 300 години. Лудо е, тешко е да се замисли, но ја покажува важноста на Светското првенство во фудбалот“, рече Инфантино на Светскиот спортски самит во Дубаи.

Тој истакна дека најмногу барања за билети дошле од САД, по што следат Германија и Велика Британија.
Здруженијата на навивачи ја критикуваа високата цена на билетите, бидејќи цените се неколку пати повисоки отколку на последното Светско првенство во Катар. После тоа, ФИФА одлучи да продаде одредена количина билети по цена од 60 долари.
Приходите генерирани од Светското првенство, што вклучува продажба на билети, ќе се вратат на фудбалските заедници низ целиот свет. Да не беше ФИФА, немаше да има фудбал во 150 земји“, смета првиот човек на ФИФА.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk