logo
logo
logo

Илјадници фанови се простија од Франко Барези

Vecer | 04.08.2026

Илјадници фанови се простија од Франко Барези

Во базиликата Сант Амброџо во Милано претпладнево се одржа погребот на италијанската фудбалска легенда, Франко Барези кој што почина на 66 годишна возраст на 31 јули.

На самиот настан присуствуваа илјадници верни навивачи на Милан, клубот каде што Франко Барези е една од најголемите легенди и во чиј што дрес дефанзивецот ги постигна најголемите успеси во кариерата.

Од друга страна пак делегацијата на Милан беше предводена од сопственикот Џери Кардинале, претседателот Паоло Скарони, други директори и играчи Кристијан Пулишиќ и Сантијаго Хименез. Ковчегот на Барези го носеа неговите поранешни соиграчи од „Росонерите“, Даниеле Масаро, Роберто Донадони, Филипо Гали, Џовани Гали, Анџело Коломбо и Марко ван Бастен. Секако, присутни и клупски легенди како  како Паоло Малдини, Алесандро Костакурта, Фабио Капело, Дејан Савичевиќ, Деметрио Албертини, Себастиано Роси, Џанлука Замброта, Алберико Евани, Марко Симоне, Невио Скала, Пјетро Паололарсмо Вирдис, Амброзини и Роберто Баџо.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk