logo
logo
logo

Играше на Мундијалот, а сега дивеел со автомобил и бил позитивен на кокаин

Vecer | 24.07.2026

Играше на Мундијалот, а сега дивеел со автомобил и бил позитивен на кокаин

Младата ѕвезда на австралиската репрезентација, Кристијан Волпато, кој пред само неколку недели беше дел од Светското првенство, се најде во центарот на голем скандал во Сиднеј. Имено, тој наводно бил позитивен на кокаин за време на рутинска контрола од страна на сообраќајната полиција, јавуваат локалните медиуми.

Според извештаите, 22-годишниот фудбалер бил запрен во неговото купе БМВ околу еден час по полноќ на познатиот мост Анзак. Причината за запирањето била пребрзо возење – Волпато „летал“ со 109 километри на час во зона каде што ограничувањето е само 60 км/ч.

Откако бил запрен, фудбалерот бил подложен на тест за дрога, а прелиминарните резултати покажале присуство на кокаин. Полицијата реагирала веднаш: Волпато бил казнет за пребрзо возење, а неговата меѓународна возачка дозвола била одземена на шест месеци, што значи дека му е забрането да вози на територијата на Нов Јужен Велс. Исто така, бил земен и секундарен примерок од течност и испратен на детална лабораториска анализа за да се потврдат наодите.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk