Некогаш една од најголемите звезди на англискиот фудбал, полека но сигурно паѓа во втор план, и заминува во фаза на медиокритетност и фудбалски залез.
Џек Грилиш, играчот на Манчестер Сити на позајмица во Евертон е суспендиран од страна на менаџментот на клубот поради прекршување на клупската дисциплина. Тој најпрво го пропушти мечот против Арсенал од Премиер лигата поради болест, за да потоа не се појави на закажаниот тренинг. И немал никаква причина, ниту пак оправдување зошто го сторил тоа.
Детали околу целата ситуација не се објавени но менаџерот Дејвид Мојес кратко изјави дека ја поддржува одлуката на клубот, и дека нема поширок коментар на оваа тема.
Грилиш своевремено беше алфа и омега во англискиот фудбал, вредеше стотина милиони фунти, беше стартер за Англија на големите натпреварувања, но од сето тоа во 31. годишниот крилен напаѓач очигледно е останато многу малку.