Сега е готово. Нов “земјотрес“ попладнево во Турција, во тамошниот фудбал. По Мохамед Салах кој минатата недела му се приклучи на Трабзонспор, попладнево уште две нови ѕвезди и официјално ќе играат во Суперлигата во новата сезона во таа земја.
Имено попладнево, еден по друг, Бешикташ официјално потврди дека Душан Влаховиќ е нивни фудбалер, а потоа и Фенербахче тоа го стори со Ромелу Лукаку.
Ете, тоа е тоа. Во секој случај сега турскиот фудбал и тоа како се прашува иако, освен Србинот, таму одат ѕвезди кои се во поддминати години.