logo
logo
logo

Голем проблем за Арбелоа: Утре и на следните два меча Реал е без Мбапе

Vecer | 24.02.2026

Голем проблем за Арбелоа: Утре и на следните два меча Реал е без Мбапе

Килијан Мбапе ќе пропушти најмалку три натпревари за Реал Мадрид поради проблеми со коленото. Претходно беше објавено дека напаѓачот го завршил денешниот тренинг порано и можеби нема да игра во реваншот од плејофот против Бенфика. Реал Мадрид верува дека на Мбапе му се потребни најмалку 10 дена одмор.

Според „Л’Екип“, тестовите спроведени по денешниот тренинг покажаа дека коленото на Мбапе е далеку од добро. Во Реал Мадрид веруваат дека напаѓачот не треба да игра на утрешниот натпревар. Се очекува Мбапе да ги пропушти и следните два натпревари од Ла Лига – против Хетафе и Селта Виго.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk