Шпанија ја покажа својата вистинска сила и ја обезбеди првата победа на Мундијалот. Вечерва, шпанската фудбалска репрезентација ја декласираше Саудиска Арабија со 4:0 и дојде на врвот во групата Х.
Актуелните шампиони на Европа го подобрија својот впечаток и го искажаа својот гнев по неочекуваното реми во првото коло против Зеленортските острови.
Во 10-тата минута по убава акција и асистенција од Ојарзабал, Јамал постигна гол за 1:0. Ова беше прв гол за младиот крилен напаѓач на Светското првенство, но сигурно не и последен.
Шпанците продолжија да доминираат, а во 21-та минута Ојарзабал постигна гол за 2:0. Само три минути подоцна, истиот играч го постигна својот втор гол за 3:0 за Шпанија.
Штом започна второто полувреме, Шпанците постигнаа уште еден гол, а автор беше Кукуреља, но истиот му беше запишан како автогол на Ал-Тамбакти, кој последен ја внесе топката во мрежата, токму по шутот на новиот фудбалер на Реал (М).
Во продолжението, Шпанија целосно ја контролираше играта, додека Саудијците не успеаја ни до почесен гол.