ФИФА одлучи: Финалето на Интерконтиненталниот куп се игра во Доха

Vecer | 23.10.2026

ФИФА одлучи: Финалето на Интерконтиненталниот куп се игра во Доха

Светската фудбалска федерација ФИФА, денеска соопшти дека финалето на Интерконтиненталниот куп годинава ќе се игра на 16 декември во Доха, на стадионот „Ахмад бин Али”.

Актуелниот европски шампион, тимот на ПСЖ ќе се сретне со победникот од „Челинџер купот“.

На 9 декември, мексиканска Толука ќе се соочи со јужноамериканскиот шампион, а тоа е или аргентински Естудијантес или бразилски Палмеираш кои што ќе се сретнат во таканареченото „дерби на Америка“.

Победникот од тој дуел ќе игра против Мамелоди Сандаунс на 12 декември, во рамките на „Челенџер купот“.

Клубот што ќе победи на тој натпревар ќе обезбеди место во финалето.


sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

Најчитани во последни 7 дена

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004- 2026. Vecer.mk